НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ


Клинички тестирано и докажано е дека Waterpik уредите се ненадминливи во својата способност да ги масираат непцата и да ги отстранат наслагите и остатоците од храна во тешко достапните места во усната празнина.

Исто така, научно е докажано дека помагаат во одржување на здравјето на забите, непцата, го намалуваат бројот на бактерии во длабоките делови од усната празнина каде што четката и забниот конец не можат да досегнат.

Употребувајте ги Waterpik® производите само според следното упатство и препораките од Вашиот стоматолог.

Waterpik-rezervoar
ПРИПРЕМА НА РЕЗЕРВОАРОТ

Извадете го резервоарот од своето место. Наполнете го (доколку можете со дестилирана вода) со вода на собна температура. Вратете го резервоарот на своето место, употребувајќи го гумениот индикатор за позиционирање.

ПОСТАВУВАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОДОЛЖЕТОЦИТЕ

Одберете го продолжетокот. Притиснете на копчето на рачката на оралниот туш и ставете го продолжетокот во жлебот и потоа ослободете го копчето. Копчето ќе се врати во својата првобитна положба. За да можете да го извадите продолжетокот, притиснете на истото копче и извлечете го продолжетокот.

ПОДЕСУВАЊЕ НА СИЛИНАТА НА МЛАЗОТ
При првото користење, подесете ја силината на највисокиот степен и продолжетокот насочете го кон мијалникот. Вклучете го уредот и почекајте додека протече вода. Исклучете го уредот. Прилагодете ја силината на млазот почнувајќи од најнискиот степен. Свртете го копчето за контрола на силината на млазот и пронајдете ја посакуваната силина на млазот. Ако почувствувате болка или приметите крварење, намалете ја силината на млазот на степенот кој најмногу Ви одговара.
ПОЗИЦИОНИРАЊЕ

Ставете го продолжетокот во Вашата уста и насочете кон го забите. Навалете се врз мијалникот, и лесно затворете ја устата. Со слободната рака вклучете го прекинувачот. Млазот од цевката ќе започне за секунда. Повремено можете да го запрете млазот, со притискање на копчето за пауза.

ПРЕПОРАЧАНА ТЕХНИКА ЗА ОРАЛНО ТУШИРАЊЕ

Вперете го млазот под прав агол по работ на непцата, скоро допирајќи ги забите. Пуштете водата да тече од Вашата усна во мијалникот. Систематски насочете го млазот во горниот и долниот ред на заби, со пауза за да можете да го исчистите и просторот помеѓу забите. Внимавајте да не го вперите млазот од водата под јазикот, кон очите, носот или ушите. Овој производ има силен притисок кој може да доведе до оштетување на чуствителните делови од лицето.

КРАЈ НА ТРЕТМАНОТ

Кога ќе завршите со чистењето на Вашите заби, со слободната рака запрете ја работата на уредот притискајќи го прекинувачот. Отстранете го продолжетокот од рачката со притискање на копчето на истата и вратете го држачот на место.