ПОДЕСУВАЊЕ НА ВОДЕН ПРИТИСОК
Подесувањето на водениот притисок ви овозможува да ја контролирате силината на млазот на оралниот туш. Доколку за прв пат го користите оралниот туш, започнете од најслабиот степен на млаз, а потоа постепено зголемувајте.
Во зависност од моделот, оралните тушеви на струја имаат 3, 6 или 10 степени на силина на млаз од 10 – 90 или од 10 до 100 PSI.
Безжичните орални тушеви имаат 2 степена на подесување на млаз, од 45 до 75 PSI.