ИЗЈАВА ЗА СООДВЕТНОСТ

                                                                                                                                                                                                                         

 

ИЗЈАВА ЗА СООДВЕТНОСТ

Ве замолуваме пред употреба на производите внимателно прочитајте го корисничкото упатство кое е приложено во производот, како и почитувајте ги препораките кои се наведени во него.

Waterpik Inc тврди дека овој производ нема мани во материјалот од кој е изработен, како и начинот на производство во рок од 2 години од датумот на купување, доколку производот не е оштетен по купувањето.

Доколку испорачаната роба не е во согласност со договорот, потрошувачот има право да побара од продавачот да ја исправи грешката преку поправка или замена на уредот. Потрошувачот не може да го раскине договорот доколку несоодветноста на производот е непозната. Производот кој нема да биде поправен во пропишаниот рок на Ваше барање ќе го замениме со нов.

 

РЕКЛАМАЦИЈА

Доколку производот кој сте го купиле не е во согласност со договорот, обратете се кај трговецот од каде сте го набавиле производот.

Трговецот на кого сте му направиле рекламација е должен да ви одговори без одлагање, а најдоцна во рок од 8 дена по приемот на рекламацијата. Одговорот на продавачот мора да содржи одлука дека ја прифаќа рекламацијата и предлог за решавање на рекламацијата. Рокот не може да биде подолг од 30 дена од поднесувањето на рекламацијата за истата да биде разрешена.

Гаранцијата престанува да важи во следните случаеви:

  • Непочитување на упатствата за ракување
  • Неправилна употреба и одржување на уредот
  • Оштетување поради немарност на корисникот
  • Сервис или поправка од страна на неовластен сервисер
  • Вградување на неоригинални делови
  • Немарност при ракување од која има механичка или естетска последица
  • Оштетување поради механички удар од страна на купувачот или трета личност
  • Грешка како последица од гром, електрична струја, поплава и слично.