ЧЕСТИ ПРАШАЊА

  1. КОГА СЕ КОРИСТИ WATERPIK?

    Користењето на Waterpik оралните тушеви се препорачува пред четкање на забите со четка за заби. Со ова претходно отстранување на остатоците од храна се зголемува и ефикасноста на четката за заби и пастата за заби кои би се користеле после тоа.

  2. КОЈА СИЛИНА НА МЛАЗ НАЈМНОГУ ОДГОВАРА?

    Waterpik® оралните тушеви се клинички тестирани и докажани во сите јачини на млаз. При првото вклучување, користете го најслабиот степен на јачина, а потоа зголемувајте ја додека не ја пронајдете онаа јачина која најмногу Ви одговара.

  1. ДАЛИ WATERPIK ОРАЛНИТЕ ТУШЕВИ МОЖАТ ДА СЕ КОРИСТАТ СО СРЕДСТВА ЗА ИСПИРАЊЕ НА УСТА?

    Да, можете да користите и средство за испирање на уста во сооднос 1:1 вода и средство. Меѓутоа, важно е по употребата да го исперете резервоарот  со чиста вода и да ја пуштите целата течност од резервоарот да истече во мијалникот. Доколку не се придржувате до овие упатства може да дојде до оштетување на уредот.

  2. ДАЛИ WATERPIK МОЖАТ ДА ГО КОРИСТАТ ДЕЦА?

    Waterpik® оралните тушеви може да го користат деца постари од 6 години. Особено се препорачува кај деца кои носат фиксни ортодонтски помагала, во комбинација со „Orthodontic Tip“ – ортодонтскиот продолжеток.

  3. ДАЛИ МОЖАМ ДА ГО КОРИСТАМ ОВОЈ УРЕД ДОКОЛКУ ИМАМ ИМПЛАНТИ, КОРОНКИ ИЛИ МОСТОВИ?

    Да, овој уред е совршен за секој кој има импланти, коронки и мостови, или пародонтални џепови. Клинички е докажано дека е два пати поефикасен во подобрување на оралното здравје и здравјето на непцата, во однос на забниот конец. Користењето на орален туш е одличен начин да ја заштитите Вашата инвестиција и да одржите високо ниво на орална хигиена.

  4. КОЛКУ ЧЕСТО БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ МЕНУВААТ ПРОДОЛЖЕТОЦИТЕ?

    Продолжетокот „Classic Jet Tip“- класичниот продолжеток за испирање како и „Tongue Cleaner“ – продолжетокот за чистење на јазикот, препорачано е да се менуваат на секои шест месеци.  „The Plaque Seeker® Tip“- продолжетокот за отстранување на наслаги, „Orthodontic Tip“- ортодонтскиот продолжеток, „Pik Pocket® Tip“- продолжетокот за пародонтални џебови и   „Toothbrush Tip“ – продолжетокот во вид на четка препорачано е да ги замените на секои три месеци.

  5. ДАЛИ УРЕДОТ МОЖЕ ДА ГО КОРИСТАТ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ?

    Да, уредот може да го користат повеќе луѓе, со напомена дека секој корисник на уредот треба да има свој продолжеток за испирање.

  6. ДАЛИ СО WATERPIK МОЖАМ ДА КОРИСТАМ ВОДА ОД ЧЕШМА?

    Идеално би било да користите дестилирана вода, бидејќи во неа нема бигор. Сепак доколку користите вода од чешма, на секои два месеци прочистете го уредот со алкохолен оцет за да ги отстраните остатоците од бигор.