Waterpik® Complete Care 9.0

01 Преглед

(CC-01) Waterpik® Complete Care 9.0

9.0-10

02 За производот

Предности на Waterpik® Complete Care 9.0

Waterpik® Complete Care 9.0 е уред кој во себе содржи неколку функции со кои целосно може да ја заокружите оралната хигиена. Овој ултра-компактен модел ја комбинира соничната четка и оралниот туш во еден совршен уред кој исто така ви помага да заштедите простор во бањата.

Соничната четка за заби нуди три режими на работа за врвно искуство и нежно четкање на забите, додека млазот на вода од оралниот туш навлегува длабоко во интерденталните простори и околу работ на непцата и ги отстранува наслагите и остатоците од храна. Овој модел има 5 продолжетоци и две резервни глави на четката.

03 Препораки

За кого е наменет Waterpik® Complete Care 9.0?

Клинички е докажано дека Waterpik ® оралниот туш во комбинација со четка за заби дури за 3 пати е поефикасен од забниот конец и дури за 5 пати поефикасен во споредба користење на четка за заби поединечно. Лесно се прилагодува на секој корисник и препорачано е да се користи во секојдневната орална рутина. Sonic® електричната четка за заби не само што ја одржува оралната хигиена на највисоко ниво, туку и успешно ги белее забите и нежно ги масира непцата, на тој начин:

  • Лесно го отстранува забниот плак – за 3 секунди отстранува дури 99,99% од третираното место
  • Ја подобрува циркулацијата во непцата со што влијае на нивното здравје, а ефектот се чувствува за 14 дена
  • Совршен е за корисниците на импланти, мостови, коронки, фиксни ортодонтски апарати и протези
9.0-5
9.0-7

04 Карактеристики

Waterpik® Complete Care 9.0 содржи:

  • 5 продолжетоци
  • Резервоар со капацитет за работа од преку 90 секунди
  • Кутија за складирање на продолжетоците
  • Напреден систем за прилагодување на млазот и 10 нивоа на работа
  • Копче за пауза
  • Можност за ротирање на продолжетокот од 360º

05 Карактеристики на четката

  • 2 глави на четката
  • Напреден дизајн на главата на четката со вграден чистач за јазик
  • Луксузен дисплеј со индикатор за статусот на батеријата
  • 3 сонични режими на работа

Четкање на заби – 31.000 вибрации во минута за беспрекорно чистење

Белеење на забите – 40.000 вртежи во минута за нежно отстранување на дамките од емајлот и враќање на природната белина на забот

Масажа на непцата – Микро пулсации за подобра циркулација на крвоток во нив

  • Двеминутен тајмер поделен на четири квадрати по 30 секунди за добро распоредено време за секој дел од усната празнина
  • Кутија за складирање и транспорт (погодна за патување)
9.0-6
9.0-5

Спецификација на производот:
Притисок: 0,689 до 6.895 бара
Пулсирања во минута: 1400
Нивоа на прилагодување на притисокот: 10
Капацитет на резервоарот: 651 мл
Димензии на уредот: 26,04 x 13,34 x 11,18 cm
Тежина на уредот: 0,712 кг

06 Додатоци:

Опрема која се добива со Waterpik® Complete Care 9.0:

  1. Опрема која се добива со производот:
  • ЈT-100E – Waterpik® Classic Jet Tip (класичен продолжеток – 2 парчиња)
  • OD-100E – Waterpik® Orthodontic Tip (ортодонтски продолжеток – 1 парче)
  • PS-100E – Waterpik® Plaque Seeker® Tip (продолжеток за чистење на плакот – 1
    парче)
  • PP-100E – waterpik® Pik Pocket™ Tips (продолжеток за чистење на пародонтални
    џепови – 1 парче)
  1. Опрема која дополнително може да се набави:
  • TB-100E – Waterpik® Water Flosser Toothbrush Tip (продолжеток во облик на
    четка – 1 парче)
  • ТC-100E – Waterpik® Tongue Cleaner Tip (продолжеток за чистење на јазикот – 1
    парче)
  • TS-100E – Кутија за складирање на продолжетоците (со продолжетоци – 6
    парчиња)
  • TS-10SE – Кутија за складирање на продолжетоците
ADA_PECAT

07 Видео

Како се користи Waterpik Complete Care 9.0 оралниот туш?