КЛИНИЧКИ СТУДИИ

  1. 1
    Waterpik® оралниот туш е докажано поефикасен од конецот за заби во отстранување на забните наслаги

    Споредба помеѓу две интердентални средства во отстранување на забните наслаги

    Goyal CR, et al. Journal of Clinical Dentistry 2013;24(2):37-42.

    Предмет на истражување:

    Споредување на ефикасноста во отстранување на забниот плак со Waterpik производите во споредба со конецот и четката за заби во комбинација.

    Методологија:

    Седумдесет испитаници учествуваат во оваа објективна, еднократна и паралелна клиничка студија. Субјектите не практикуваа никаква орална хигиена во последните 23 до 25 часа пред испитувањето. Субјектите беа прегледани и распоредени во две групи:

     

    Група 1: Waterpik орален туш + стандардна четка за заби
    Група 2: Конец за заби + стандардна четка за заби

    Утврдени се упатства за секој производ кој се користи. Секој учесник ги миеше забите 2 минути користејќи го Басовиот метод. Првата група користеше орален туш со 500мл топла вода, а другата група користеше конец за заби чистејќи ги сите простори помеѓу забите. Субјектите беа запрашани дали ги следеа упатствата за третирање на сите места во усната празнина. Забележени се резултати за цела усна празнина, маргинална, апроксимална, фацијална и лингвална регија, користејќи го Rustogi Modification Navy Plaque Index.

    Резултати:

    Waterpik оралните тушеви се покажаа за 29% поефикасни од конецот за заби во отстранување на наслагите во целата усна празнина, 29% за апроксималните површини и 33% за маргиналните површини.

    Заклучок:

    Waterpik оралниот туш е значително поефикасен од конец за заби во отстранување на наслагите на сите забни површини.

  2. 2
    Waterpik® оралниот туш ги отстранува 99,99% од наслагите на третираната површина веќе после 3 секунди

    Предмет на истражувањето:

    Да се процени ефектот на Waterpik оралниот туш во отстранување на наслагите користејќи скенирање со електронски микроскоп

    Методологија:

    8 пародонтопатични заби беа извадени. Десет примероци се земени од четири заби и оставени се 4 дена да се развие биофилм со наслага. Четири примероци беа третирани со класичен продолжеток за орално испирање, четири примероци беа третирани со ортодонтски продолжеток, а два примероци беа користени како контрола. Преостанатите четири заби беа третирани со ортодонтски продолжетоци како би се проценило отстранувањето на калцифицираните наслаги. Сите заби беа третирани со среден притисок во траење од три секунди и проценувани со скенирање на електронски микроскоп.

    Резултати:

    Согласно скенирањето на електронски микроскоп, класичните продолжетоци за чистење отстраниле 99,9% од наслагите, а ортодонските продолжетоци отстранија 99,8% од наслагите на третираните места по три секундно изложување на воден притисок. Гледано со голо око и електронски микроскоп, заклучено е дека ортодонтските продолжетоци значително ги отстрануваат калцифицираните наслаги од површината на забите.

    Заклучок:

    Waterpik оралниот туш значително ги отстранува наслагите.

  3. 3
    : Waterpik ® оралниот туш е три пати поефикасен од конецот за заби кај пациентите со ортодонтски помагала

    Ефектот на водено туширање со ортодонтски продолжеток врз наслагите и крварењето на непцата кај адолесцентните пациенти со ортодонтски фиксни протези

    Sharma NC, Lyle DM, Qaqish JG, Galustians J, Schuller R. Am J Ortho Dentofacial Orthop 2008; 133(4):565-571.

    Цел:

    Споредување на резултатот на класична четка за заби и Waterpik орален туш со ортодонтски продолжеток и резултатот на класична четка за заби во комбинација со забен конец  кај адолесцентни пациенти со ортодонтски фиксни протези. Контролната група е составена од испитаници кои ги четкале забите само со класична четка за заби.

    Методологија:

    Во оваа единствена, уникатна и објективна студија, учествуваа сто и пет адолесцентни испитаници со фиксни протези. Резултатите од крварењето и наслагите на забите беа земени како примерок пред почетокот на студијата, а нивните резултати беа испитани по 14 и 18 дена.

    Резултати:

    Waterpik оралниот туш е преку три пати поефикасен од конецот за заби и дури пет пати поефикасен од четката за заби во отстранувањето на наслагите. Кај крварењето на непцата, користењето на Waterpik® оралниот туш е за 26% поефикасен од конец за заби и дури 53% поефикасен од класична четка за заби.

    Заклучок:

    Комбинацијата на Waterpik® орален туш со ортодонтски продолжеток и четкањето на забите со четка е значително поефикасен начин за унапредување на оралното здравје кај адолесцентите пациенти со ортодонтски помагала и фиксни протези, вклучувајќи ги и оние со брикети во споредба со конец за заби и класична четка за заби.

  4. 4
    Waterpik ® оралниот туш е за два пати поефикасен од конец за заби во намалување на крварењето на непцата

    Ефикасноста на интерденталните средства за чистење на наслагите и гингивалното крварење

    Rosema NAM et al. The effect of different interdental cleaning devices on gingival bleeding. J Int Acad Periodontol 2011; 13(1):2-10.

    Цел:

    Проценка на ефикасноста на четката за заби + Waterpik® орален туш во споредба со четка за заби + конец за заби во намалување на наслагите и крварењето на непцата

    Методологија:

    Во оваа 30 дневна објективна и еднократна студија, учествуваа 104 испитаници. Група А користеше Waterpik® орален туш со класичен продолжеток за испирање на устата + четка за заби, додека Група Б користеше Waterpik® орален туш со продолжеток за чистење на наслагите + четка за заби, а Група Ц користеше конец за заби + четка за заби. Испитаниците практикуваа одржување на оралната хигиена два пати дневно, еднаш наутро и еднаш навечер. Крварењето на непцата и наслагите беа испитувани по 14 дена и по 30 дена.

    Резултати:

    По 14 дена, користењето на четка за заби во комбинација со Waterpik® оралниот туш со класичен продолжеток се покажа како два пати поефикасен од традиционалното користење на конец за заби во намалување на крварењето на непцата. По триесетиот ден, подобрена е состојбата со крварењето на непцата кај испитаниците кои користеа Waterpik® орален туш, а резултатите беа видливи. Немаше никаква значајна разлика помеѓу користењето на класичен продолжеток и продолжеток за чистење на наслагите.

    Заклучок:

    Waterpik® оралниот туш е поефикасен од конецот за заби во намалувањето на крварењето на непцата и подобрување на оралното здравје.

ADA-sertifikat