КАРАКТЕРИСТИКИ

ПОДЕСУВАЊЕ НА ВОДЕН ПРИТИСОК

 

Подесувањето на водениот притисок ви овозможува да ја контролирате силината на млазот на оралниот туш. Доколку за прв пат го користите оралниот туш, започнете од најслабиот степен на млаз, а потоа постепено зголемувајте.

Во зависност од моделот, оралните тушеви на струја имаат 3, 6 или 10 степени на силина на млаз од 10 – 90 или од 10 до 100 PSI.

Безжичните орални тушеви имаат 2 степена на подесување на млаз, од 45 до 75 PSI.

РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДА

Големината на резервоарот за вода зависи од дизајнот и видот на оралниот туш. Резервоарите за безжичните орални тушеви се со количина од 200мл, додека оралните тушеви на електричен приклучок имаат резервоар од 450мл до 600мл. Времето на орален туш со еден полн резервоар варира во зависност од подесениот притисок и големина на резервоарот.

Општите временски рамки се:

200 мл – 45+ секунди туширање

450 мл – 60+ секунди туширање

600 мл – 90+ секунди туширање

Можете да го дополните резервоарот како би продолжиле со туширањето.

Доколку во резервоарот остане течност по завршувањето на туширањето, испразнете ја течноста во мијалникот и оставете го да се исуши.

Можете да додадете малку течност за испирање на уста во водата (но не го надминувајте соодносот 1:1). За чистење на резервоарот, наполнете со млака вода и испразнете го со вперена рачка во мијалникот.

ПРОДОЛЖЕТОЦИ

За да можете да го извадите продолжетокот од оралниот туш, притиснете на копчето за ослободување на продолжетокот.

Waterpik оралните тушеви имаат заменски продолжетоци, така што целото семејство може да користи различни продолжетоци, а ист уред. Прстенот на дното на продолжетокот означен со боја ќе ви помогне за полесна иденфитикација на Вашиот продолжеток.

КОПЧЕ ON/OFF

Сите орални тушеви имаат вградено копче за вклучување/исклучување.

На оралните тушеви со напојување на електрична енергија, вакво копче има и на држачот.

КОНТРОЛА НА РОТИРАЊЕ

На поголем дел од Waterpik моделите, има опција за ротација на продолжетокот, како би можел истиот да ги опфати сите делови од усната празнина.

waterpik rucica