ЧИСТЕЊЕ НА УРЕДОТ
Наполнете го резервоарот со вода, додајте вода и една лажичка алкохолен оцет, насочете ја рачката кон мијалникот и вклучете го уредот додека не се потроши цела вода од резервоарот. Постапката повторете ја со вода но овој пат без оцет како би ги исчистиле остатоците од оцет во апаратот. На овој начин ќе ги исчистите трагите од бигор и ќе овозможите долг век на траење на Вашиот уред.
Користејќи мека крпа и не абразивен детергент исчистете го кога е неопходно. Никако не го потопувајте во вода.
- Пред чистење, исклучете го од електрично напојување
- Испразнете го резервоарот додека не биде потполно празен, пред да го изложите на ниски температури
СЕРВИС:
Waterpik уредите може да се сервисираат само кај овластен сервисер. Домашните поправки не се возможни. Доколку уредот не работи или лошо функционира, вратете го цел уред во продавницата, а продавачот ќе го проследи на сервис.