ОПШТИ ПРАВИЛА И ЗАШТИТНИ МЕРКИ

ЗАШТИТНИ МЕРКИ

Како и со секој електричен производ, а особено кога се во прашање и деца или лица со посебни потреби, следете ги основните сигурносни правила и мерки за да избегнете електричен удар, пожар или повреди на чувствителната слузокожа.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ УПАТСТВА ПРЕД УПОТРЕБА

ОПАСНОСТИ:

За да го намалите ризикот од електричен удар:

  • Секогаш исклучувајте го уредот од напојување по користење
  • Не го вклучувајте уредот во струја со влажни раце
  • Не го потопувајте уредот во вода или во друга течност
  • Не го користете уредот за време на туширање
  • Не го поставувајте на нестабилни места
  • Доколку уредот падне во мијалникот или на друго место каде што се наоѓа вода, веднаш исклучете го од напојување. Не го допирајте уредот и водата додека не го исклучите од напојување. По вадење од вода, не го вклучувајте повторно, туку веднаш повикајте овластен сервис.
  • Чувајте го електричниот кабел подалеку од грејни тела
  • Не го употребувајте овој производ додека употребувате средства со хидроген или аеросолни спрејови.

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊА:

 

За да го намалите ризикот од изгореници, електрични удари, пожар или посериозни повреди:

  • Не го приклучувајте уредот во приклучоци за електрична енергија кои се со друга волтажа од предвидената за користење
  • Не го користете уредот доколку е оштетен кабелот или приклучокот за електрична енергија. Доколку е расипан, скршен или доколку бил во допир со течност, контактирајте овластен сервис и не преземајте ништо на своја рака
  • Не го насочувајте водениот млаз под јазикот, кон очите, носот, ушите или други осетливи места на лицето. Овој производ користи воден млаз под притисок кој може да ги оштети овие делови
  • Користете го овој уред согласно насоките за користење или согласно препораките на Вашиот стоматолог
  • Користете само продолжетоци препорачани од Waterpik Inc
  • Чувајте го електричниот кабел надвор од допир со грејни тела
  • Не го употребувајте овој производ додека употребувате средства со хидроген или аеросолни спрејови.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ НАСОКИ:

 

 

  • Не користете јод, избелувач или етерични масла во овој уред. Не почитувањето на оваа насока може значително да го намали перформансот на уредот или да го скрати неговиот рок на траење
  • Не го користете уредот доколку имате рани во усната празнина
  • Овие производи се наменети само за домашна употреба. Не го користете на отворено.
  • Не го користете овој производ повеќе од 5 минути во рок од 2 часа. Подолгата употреба од овој временски дијапазон може да го прегрее моторот и да предизвика дополнителни оштетувања, како и поништување на гаранцијата.
  • Уредот користете го само со вода или со друго средство препорачано од Вашиот стоматолог
  • Децата треба да ги надгледувате додека го користат овој уред како би биле сигурно дека правилно го ракуваат
  • Ако Вашиот доктор или кардиолог Ве советувал да примате антибиотска терапија пред стоматолошка интервенција, треба да се обратите на стоматолог пред да почнете да го употребувате овој производ